Коорпоративна општествена одговорност
- Почетна
- КОМПАНИЈА
- КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
Одговорен однос кон околината е наша највисока цел
Прилепска пиварница ад Прилеп се залага за одржлив развој, темелен на ефикасност и сигурност при вршењето на деловните активности, во целост почитувајќи ги целите за заштита на животната средина и правата на засегнатите страни. Друштвото имплементира вредности што ќе придонесат за подобро и поуспешно водење на бизнисот и истовремено градење на односи на доверба и грижа за интересите на акционерите, засегнатите лица и пошироката заедница.
Со кодексот на професионално и етичко однесување и другите општи акти, Прилепска пиварница а.д. Прилеп дејствува етички и одговорно во сите деловни активности, обезбедувајќи јасна рамка која ќе ги минимизира негативните влијанија врз животната средина и се стреми кон зачувување на здрава животна средина и спречување на негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето.
Прилепска пиварница ад Прилеп има Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 09-49/2 од 12.05.2017 година. Компанијата редовно ги извршува годишните обврски по дозволата вклучително и вршење мониторинг на отпадни води, мониторинг на пм честички, мониторинг на емисии на бучава и емисии на загадувачки супстанци во отпадни гасови од работата на котлите. Прилепска пиварница ад Прилеп силно внимание посветува и на третманот на отпадните води со цел испуштање на водите на ниво кое е одржливо за живиот свет преку користење на услугите од пречистителната станица на општина Прилеп. Со спроведување на програмата за управување со отпад Прилепска пиварница ад Прилеп врши континуирано следење и унапредување на управувањето со пакување и отпад од пакување посветено работи на: избегнување и во најголема можна мера намалување на количеството на создадениот отпад, искористување на употребливите состојки на отпадот, одржлив развој преку зачувување и заштеда на природните ресурси, спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето во согласност со принципите на циркуларната економија, отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина и висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето.
Прилепска пиварница ад Прилеп има активно учество и како основач во првиот колективен постапувач со отпад од пакување Пакомак ДОО Скопје. Грижата се однесува и на исполнување на националните цели и учество во кампањи за подигнување на јавната свест за ефикасно управување со отпадот и отпадот од пакување.
Компанијата континуирано работи на подобрување на енергетската ефикасност на друштвото и намалување на користењето енергија во оперативните активности преку воведување на енергетско ефикасни технологии, опрема и материјали кои ќе овозможат заштеда на енергија. Друштвото е посветено и кон користење на енергија од обновливи извори. За таа цел во 2022 година компанијата пристапи кон инвестирање во фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за свои потреби. Очекуваниот ефект од инвестицијата е покривање на 35% од вкупната годишна количина на потрошена електрична енергија на компанијата.
Прилепска пиварница e активен подржувач и спонзор на најзначајните настани од областа на културата и спортот. Традиционално како генерален спонзор ги поддржува манифестациите ОФФФест и Џез Фестивал, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп. Прилепска пиварница поддржува бројни концерти кои се одржуваат во повеќе градови низ државата, како и Пивофест Прилеп и Пиволенд во Скопје и многу други настани. Во акцијата спроведена за подигнување на свесноста за машкото здравје, донира опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за Урологија - Примател на донацијата, клиника од терциерна дејност која работи за потребите на пациентите од цела Македонија. Медицинската опрема во согласност со потребите на клиниката беше во вкупна вредност од 400.000 денари. Како општествено одговорна компанија, Прилепска пиварница ад Прилеп продолжува да ги поддржува младите и талентирани студенти преку доделување на стипендии, практична работа во реномирана домашна компанија и можност за вработување. Прилепска пиварница ад Прилеп додели и стипендии за студентите од Економски факултет – Прилеп.
Друштвото по четврти пат ги претстави своите лименки Златен даб во уметнички дизајни, на тој начин поддржувајќи ги уметниците и домашната арт сцена.
Нашиот тим успешно стигна до целта на маратонската трка Skopje Run 10KМ
Уличната трка која стана неизоставен дел од календарот спортски настани на Скопје оваа година се оддржа на 7 мај со почеток во 9 часот со старт и цел на булевар...
Прилепска Пиварница со нова инвестиција за обнова на возниот парк
Инвестирањето во нови службени автомобили е стратешка одлука која носи бројни придобивки за бизнисите. Од зголемена продуктивност и безбедност на вработените, до економичност и позитивен имиџ на брендот, предностите се...
Trash for Art
Рециклирањето и креативноста се тесно поврзани. Пренамената на отпадните материјали за создавање на уметнички дела не само што го намалува отпадот туку и поттикнува имагинативно размислување и иновации. На овогодинешниот...