Традициjа и квалитет уште од 1924 година

„Прилепска Пиварница“ е основана во 1924 година, и од тогаш па сé до денес, со континуирано инвестирање во производниот процес, постојано го подобрува квалитетот на своите производи.

Патот на квалитетот и традицијата

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.

Денес „Прилепска Пиварница“ е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија и една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, сѐ уште ги полни лиценцните пијалаци Pepsi, Mirinda, 7UP.ус.

Screenshot_2
Screenshot_1
img3

1924

Како почнавме

Основана е Прилепска Пиварница. Започната е изградбата на првиот индустриски капацитет во Прилеп – Пивара на местото викано Крбла, реон Чачорица.

1953

Инвестиција

Се инсталира парен котел за варење на пивото.

1980

Ексклузивно право и лиценца за Pepsi Cola и Mirinda

За првпат произведен интернационалниот пијалак пепси-кола (Pepsi Cola).

2024

Пиварницата денес

Инвестициите во високата технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно.

Мисијата на пиварницата

Мисијата на „Прилепска Пиварница“ е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени.

Вкус и квалитет во кој се ужива

Создаден во високо квалитетни услови, Златен Даб е производ на модерна технологија, врвна опрема и одлични суровини, сето тоа искомбинирано на совршен начин, благодарение на речиси 100-годишната традиција на Прилепската Пиварница, како и врвното знаење на пивските мајстори.

Произведено од основни суровини: вода, слад, хмељ и пивски квасец.

Инвестиции во линија за производство на пиво во стаклена амбалажа.

Ладна мембранска филтрација.
Пиварница ја има една од најсовремените филтрации во Европа.

Пиво со автентичен изглед кој ги следи светските трендови за креирање на премиум пивски бренд.

Квалитет преточен во уживање

„Токму квалитетот е она што го препознавам и што мене ми значи кај Златен Даб. На здравје!“

    Дарко Панчев

    Нашето пиво

    Квалитет преточен во уживање

    Совршени до детаљ, со возбудливи линии и модерен изглед,
    нашите пива ти нудат свежина и неповторлив вкус!

    ZLATEN DAB
    Dark

    Црно пиво со специфична арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и деликатен чоколаден финиш.

    ZLATEN DAB
    Lager

    Висококвалитетно пиво со златножолта боја, со пријатна горчина и чист вкус

    KRALI MARKO
    Lager

    Произведено по традиционален рецепт, Крали Марко е висококвалитетно светло пиво, со свеж изглед кој повикува на уживање.

    Нашиот блог

    Новости