Соопштенија

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА СЕ ЗАКИТИ СО ДВЕ НАГРАДИ!

3. Јуни 2022

Прилепската пиварница со децении претставува синоним за квалитет по светски стандарди.

Двоцифрен и навистина импресивен е бројот на добиени светски награди кои оваа компанија ги поседува во своите простории.

Така, за изминатата 2021 година и беа доделени дури две  завидни признанија од групацијата PepsiCo и тоа: „PEPSICO – 3PM Excellence Award”  – за одлични перформанси и соработка и  можеби уште попозната и попрестижна –  „Caleb Bradham Quality Excellence Award“.

Quality Excellence Award не е новина за Прилепска Пиварница која во својата голема колекција веќе има неколку вакви престижни признанија.

„Caleb Bradham Quality Excellence Award“ е навистина посебна и специјална за сите произведувачи на пијалаци на светско ниво од гамата на PepsiCo, бидејќи е именувана по г. Кејлеб Дејвис Бредам,  култниот американски фармацевт – „таткото“ на безалкохолниот пијалок Пепси.

Сето тоа изразено илустративно, би било прикажано вака: „Кога мајсторот му оддава почит и признание на ученикот за одлично завршената работа“ или кога „таткото на Pepsi“ ве пофалува и наградува пред целиот свет дека вие произведувате и правите одлично Pepsi – на светско ниво!

Caleb Bradham наградата е круна на вистинскиот вкус, квалитетот и безбедноста на производството и високи перформанси на процесите, според ултра високите стандарди на Пепси ( PepsiCo) групацијата за нивните производи низ целиот свет. Традиција од еден век која будно го наслушнува задоволството на потрошувачите и ги наградува и пофалува оние кои ги ставаат своите потрошувачи како врвен приоритет.

Со оваа награда, се оценуваат и наградуваат сите произведувачи и се доделува еднаш годишно само на неколку компании во целиот свет. Она што би требало да не прави особено горди е што нашата Прилепска пиварница веќе една декада е  постојан член на овој дрим тим на светско ниво – една од најдобрите производители на Pepsi на светско ниво.  Конкуренцијата е навистина голема, затоа што во  оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании производители од целиот свет.  Слично, како и Пепси компанијата, нашата Прилепска Пиварница ги инспирира луѓето да направат избори што создаваат повеќе насмевки.