Коорпоративна општествена одговорност

На традиционалниот “Божиќен ручек” во организација на Детската амбасада “За сите деца во светот” и беше доделена плакета “Пријател на децата” на Прилепска Пиварница

7. Јануари 2023

Во организација на Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп, традиционално по 17 пат на Божиќ, се одржа заедничкиот Божиќен ручек на деца од цела држава. Под мотото „Едно небо за сите деца“, околу 500 деца од различна вероисповед и националност седнаа заедно на Божиќен ручек, да го прослават Христовото раѓање и ги упатија своите пораки за мир, благосостојба, радост и безгрижно детство.

На Божикниот ручек се пееја божиќни песни, членовите на студиото „Зодијак“ од Прилеп ја направија традиционалната поворка и пред импровизираната пештера ја искажуваа радоста од Христовото раѓање.

Годинава, признанието  Прилепска Пиварница го доби признанието „ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА“.