Коорпоративна општествена одговорност

КРАЛИ МАРКО – Горд спонзор на маратонската трка Крали Марко trails 2023

8. Март 2023

Спонзорирањето на спортските настани има значителна важност во нашата компанија, со цел позитивно да влијаеме до нашата целна публика преку промовирање на здрави навики и да создадеме трајни врски со потрошувачите.

Затоа и оваа година нашата компанија зема учество како генерален прокровител на маратонската трка Крали Марко trails со нашиот бренд „Крали Марко“ пиво.

Организатори на маратонот се здружението „Трекс“ и планинарско спортско друштво „Макпетрол“, поддржани од општина Прилеп.

Прилепска Пиварница им честита на сите учесници на Krali Marko Trails 2023, кои успешно ги завршија трките од 35км и 18км низ живописните предели на Прилеп и околината.

На здравје со Крали Марко!