Вработување

Оглас за вилушкарист – Скопје

24. Април 2023

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција

ОГЛАС ЗА ВИЛУШКАРИСТ

За компанијатаПрилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

 

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Вилушкарист – (двајца) извршители (на определено време)

Локација: Дистрибутивен центар Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
  • Одговорност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Возачка дозвола Б категориа
  • Положен испит за вилушкар ќе се смета за предност.

Одговорности и задачи:

  • Самостоно управување и ракување со вилушкар
  • Врши утовар и растовар на стоки
  • Врши транспорт на набавени материјали до магацин за набавени материјали
  • Врши правилно сместување на готовиот производ и амбалажата во магацините
  • Одговорен е за безбедно товарање на товарот
  • Одговорен е за редовно одржување на вулушкарот

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: pravnik@pripiv.com.mk или mateski@pripiv.com.mk со назнака Вилушкарист

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.