Вработување

ОГЛАС ЗА ПОГОНСКИ МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

4. Септември 2023

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција

 

ОГЛАС ЗА ПОГОНСКИ МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

 

 

За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

 

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Погонски машински инженер – 1 (еден) извршител (на определено време) во Прилеп

 

 

Локација: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп (Прилеп)

 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран машински инженер или студент на Машински факултет кој е во завршна фаза на студиите
  • Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
  • Одговорност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

 

Одговорности и задачи:

 

  • Се грижи за извршување на поставените производствени планови преку квалитетно одржување на машинскиот парк
  • Врши периодични прегледи на машинскиот парк и опремата
  • Ја контролира исправноста на машините и инсталациите и по потреба интервенира
  • Се грижи за ремонти на машинскиот парк на погоните за кои е одговорен
  • Планира набавка на репроматеријали и резервни делови за редовно работење
  • Ги изработува плановите за превентивно одржување и плановите за подмачкување
  • Учествува во изработката и проверката на проекти за изведување на уреди и инсталации и учествува до нивна крајна реализација посебно од аспект на безбедноста на производот.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: mateski@pripiv.com.mk со назнака Погонски машински инженер најдоцна до 11.09.2023 година