Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција
ОГЛАС ЗА ПОГОНСКИ МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.
,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Погонски машински инженер – 1 (еден) извршител (на определено време) во Прилеп
Локација: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп (Прилеп)
Потребни квалификации:
- Дипломиран машински инженер или студент на Машински факултет кој е во завршна фаза на студиите
- Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
- Одговорност
- Способност за индивидуална и тимска работа
Одговорности и задачи:
- Се грижи за извршување на поставените производствени планови преку квалитетно одржување на машинскиот парк
- Врши периодични прегледи на машинскиот парк и опремата
- Ја контролира исправноста на машините и инсталациите и по потреба интервенира
- Се грижи за ремонти на машинскиот парк на погоните за кои е одговорен
- Планира набавка на репроматеријали и резервни делови за редовно работење
- Ги изработува плановите за превентивно одржување и плановите за подмачкување
- Учествува во изработката и проверката на проекти за изведување на уреди и инсталации и учествува до нивна крајна реализација посебно од аспект на безбедноста на производот.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: mateski@pripiv.com.mk со назнака Погонски машински инженер најдоцна до 11.09.2023 година