Вработување

ОГЛАС ЗА МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ – СПРЕМАЧИ ВО МАГАЦИН ЗА СКОПЈЕ

18. Јули 2023

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција

 

ОГЛАС ЗА МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ – СПРЕМАЧИ ВО МАГАЦИН ЗА СКОПЈЕ

  

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

 

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Магацински работници-спремачи во магацин 4 извршители (на определено време)

 

Локација: Дистрибутивен центар Скопје

 

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета како предност
  • Флексибилност
  • Организираност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

 

Одговорности и задачи:

  • Одговорност за производите во магацинот и комплетна организација на магацинот.
  • Се грижи за уредноста на работниот простор и непосредната околина
  • Припремање и сортирање на робата за нејзина испорака, согласно документацијата
  • Лепење на декларации.
  • Одржувањето на хигиената во магацинот

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: mateski@pripiv.com.mk или skopje@pripiv.com.mk со назнака Магацински работници-спремачи во магацин најдоцна до 19.07.2023 година

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.