За Нас
- Почетна
- За нас
Прилепска пиварница
Пиварница што ги негува традицијата и квалитетот
Прилепска Пиварница е основана во 1924 година, и од тогаш па сé до денес, континуирано инвестира во производниот процес и постојано го подобрува квалитетот на своите производи. Истовремено, водени од желбата за достигнување на високи стандарди на квалитет, компанијата постојано работи на воведување на новитети и проширување на своето портфолио.
Она што претставува заштитен знак на Прилепска Пиварница е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивен единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница.
Прилепска Пиварница произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International:
Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Прилепска Пиварница е увозник на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube.
Крајниот потрошувач отсекогаш бил инспирација и мотивација за постојано усовршување на Прилепска Пиварница, со цел тој да го добие најдоброто и најквалитетното. Мисијата што ја движи Прилепска Пиварница е блискоста со своите фанови, чија доверба успеа да ја придобие и продолжува постојано да ја потврдува со нови и возбудливи производи.
Мисијата на Прилепска Пиварница е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остваруваме со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.