Најдобар бренд на Твитер е Златен Даб

Златен Даб – најдобра компанија (најдобар бренд) на Твитер.

На последното доделување Твитер награди, кое се одржа минатиов викенд, Златен Даб на Прилепска Пиварница беше избран за најдобар бренд на Твитер. Во конкуренција на голем број други компании и брендови номинирани за оваа награда, токму Златен Даб беше брендот што ја освои македонската твитосфера со својата уникатна онлајн-комуникација, а секако и со квалитетот на своето пиво.

Секогаш присутен во моментите на уживање, задоволство и награда, Златен Даб за кратко време стана омилено пиво на твитерџиите, кои редовно го спомнуваат во своите твитови и постираат фотографии од личните мигови на задоволство со Даб.

Твитерџии, и сите други љубители на Даб, да наздравиме за оваа значајна награда, со желба и ветување за голем број други успеси и постигнувања во иднина! Златен Даб ви ги честита новогодишните и божиќните празници и ве поканува да го следите @Zlaten_Dab на Твитер и во 2015 г.!

zlaten dab twitter

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.