Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.

Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
Референт во финансова оператива – Прилеп

Потребни квалификации:
  • ВСС – Економски факултет
  • Претходно работно искуство минимум една година но не ограничено на истото
  • Искуство во книговодствено биро или сектор финансии ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на работа со компјутери
  • Возачка дозвола Б – категорија

Одговорности и задачи:

  • Секојдневно ги изготвува потребните извештаи според побарувањата на управните и раководните орагни и претпоставените
  • Подготовка на инструментите за обезбедување на плаќањето (налози за плаќање, меници, чекови, договори за цесии, компензации и сл.) и води евиденција за истите
  • По потреба изготвува извештаи за ненаплатени побарувања и обврските према доверителите, и е одговорен за точноста на истите
  • Редовно контактира со доверителите и должниците, води преписка, припрема опомени и тужби со соодветна документација и ги доставува до општиот сектор во АД, изготвува каматни листи за ненавремените наплати, проверка на каматните листи од доверителите и е одговорен за точноста на истите
  • Работи самостојно и врши усогласување на евиденциите со должниците и доверителите
  • Извршува и други работи самостојно или по устен и писмен налог на претпоставените, со цел за законско, уредно и ажурно измирување на обврските и наплата на побарувањата

Посакувани способности и вештини:

  • Самомотивираност
  • Посветеност, одговорност и доверливост
  • Тимско работење и соработка
  • Стремење кон развој и континуирано учење
  • Почитување на зададени рокови

Ние нудиме:

  • Месечни бонуси согласно поставени и остварени таргети
  • Работно време од 08 до 16 часот

Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV)
​на маил hr@pripiv.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Огласот е валиден до 25.12.2019

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.