Прилепска Пиварница со „Посебно признание“ од Црвениот крст за поддршка на целите на организацијата

Прилепска Пиварница АД Прилеп од Црвениот крст на Република Македонија (ЦКРМ) доби „Посебно признание“ во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на организацијата. Признанието беше доделено во рамките на 8ми-от Партнерски состанок што се одржа на 13.12.2017 година во Црвениот крст, а на кој учествуваа претставници на корпоративниот сектор како и од Министерството за труд и социјална политика.

Важноста на корпоративната општествена одговорност и посветеноста на компаниите кон поддршка на функцијата и улогата што ја има Црвениот Крст беше истакната и од Секретарот на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а истата иницијатива беше поздравена и од министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Партнерскиот состанок, се организираше со цел да се промовираат хуманитарните вредности на ЦКРМ и за поттикнување на стратешки партнерства за надминување на проблемите со кои се соочува населението во заедниците.

Низ годините на својата работа Прилепска Пиварница има развиено голема поддршка и пријателство кон оние на кои им е потребна помош. Mногу пати досега со низа акции и донации ја докажа својата општествена одговорност. Меѓу другото, на манифестацијата „Различни, а еднакви“ таа доби и признание за општествена одговорност поради многубројните донации и посветеноста во намалувањето на разликите на лицата со посебни потреби и за подигање на јавната свест за нивните потреби и проблеми.

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.