Соопштенија

Прилепска Пиварница ја започнува кампањата Затвори го кругот

10. Септември 2024

Прилепска Пиварница ја започнува кампањата Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина, во соработка со Пакомак.

Со секоја рециклирана лименка од Прилепска Пиварница во вендинг машините на Пакомак, добивате 5 зелени поени на Екомак мобилната апликација коишто можете да ги користите за бројни попусти.

Кампањата ќе трае до крајот на годината.