Прилепска пиварница освои значајна награда, годинава се додели за прв пат, на Меѓународниот ден на човекови права, во рамки на проектот „Поттикнување на принципите на бизнис и човекови права“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во земјава, а спроведуван од невладината и непрофитна организација Конект, во партнерство со Бизнис Конфедерацијата и во соработка со Мрежата на Глобалниот договор на Обединетите Нации.
Проектот има за цел да ги истакне позитивните примери и со тоа да ја поттикне и промовира посветеноста на Прилепска Пиварница за континуирано унапредување на човековите права преку нивните политики, оперативните практики и комуникацијата. Проектот е особено посветен на мисијата компаниите своите практики да ги усогласуваат со „Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН“ и со „Целите за одржлив развој“.
Кодексот е обврзувачки за сите вработени на сите хиерарски нивоа со цел компанијата да делува според принципите на општествено одговорно работење со особена грижа за унапредување на човековите и работничките права, заштитата на животната средина, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство, наградата ја подигна Искра Трајкоска менаџер за човечки ресурси, заблагодарувајќи се за наградата.


