Политика за приватност

Врз основа на Законот за трговски друштва и Статутот на Прилепска пиварница АД Прилеп, одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци, Управниот одбор на Прилепска пиварница АД Прилеп на состанокот одржан на ден 12.08.2021 година  ја донесе следната:

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Контролорот. Контролорот ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари сопствените права и обврски.

 

  1. Контролор на збирки на лични податоци

 

Контролор на личните податоци е Прилепска пиварница АД Прилеп (во понатамошен текст Контролор), со седиште во Прилеп на ул. „Цане Кузманоски“ бр. 1 Прилеп, со ЕМБС 4071344.

 

Контролорот е акционерско друштво основано согласно одредбите од Законот за трговските друштва и запишано во единствениот трговски регистр кој се води при Централниот регистар на Република Македонија.

 

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорот.

 

  1. Корисници и категории на корисници на лични податоци

 

Контролорот собира податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • посетители на интернет страната на Контролорот prilepskapivarnica.com.mk.Вообичаено Контролорот собира податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на интернет страната, како и за одржување на информациска сигурност на истата. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја политика за користење на колачиња на Контролорот.
  • лицата кои поднесуваат известувања и барања до Контролорот, по различни основи дефинирани во позитивните прописи кои ја обработуваат проблематиката за заштита на обработката на личните податоци.

 

  1. Категории на податоци кои се обработуваат

 

3.1. Податоци за навигација

 

При посетата на интернет страната на Контролорот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • интернет протокол (IP) адреса;
  • уредот од кој се пристапува, вид и модел;
  • оперативен систем;
  • видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • страните кои се посетуваат на интернет страната и времето кое се минува на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на интернет страната на Контролорот и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете интернет страната на Контролот;
  • јазикот на пребарувачот кој се користи;
  • држава (се одредува преку IP адресата).

 

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување (на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад).

 

Контролорот самостојно ги одржува серверите. Сите активности на интернет страната ги спроведуваме интерно или екстерно (во зависност од случајот) вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на интернет страната на Контролорот.

 

3.2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

 

Лични податоци кои ги прибираме од посетата на интернет страната на Контролорот, се оние кои посетителите доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како би се овозможило оствраување на правата и обврските на Контролорот.

 

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, (4) факс, (5) email.

 

  1. Како  ги собираме личните податоци

 

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку користењетто на интернет страната, вклучувајќи ги овде и формите кои се поставени за користење на интернет страната;
  • преку електронската пошта на Контролорот,
  • преку пошта,
  • по факс,
  • усно

 

За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено кај Контролорот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Контролорот

 

  1. Категориите на корисници на лични податоци

 

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

 

Не споделуваме податоци за физички лица кои се добиваат од посета на интернет страната на Контролорот, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Контролорот и позитивните прописи од областа на личните податоци и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

 

  1. Време на чување на собраните податоци

 

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со позитивните прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Контролорот.

 

  1. Кои се правата на физичките лица?

 

Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:

  • право да бидат информирани за обработката на личните податоци,
  • право на пристап до личните податоци,
  • право на исправка и бришење на личните податоци,
  • право на ограничување на обработката на личните податоци,
  • право на приговор

 

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци – Александар Матески на следниов e-mail: mateski@pripiv.com.mk или преку телефонскиот број 048/421-450.

 

  1. Право на поднесување на барање до АЗЛП  

 

Ако постојат основи на сомнение дека начинот на кој Контролот ги обработува лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, лицата може да поднесат барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.

 

 

  1. Промена на политиката за приватност

 

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Контролорот.

 

  1. Поставување на политиката за приватност

 

Оваа Политика за приватност ќе се постави на официјалната интернет страна на Контролорот.

 

Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следните линкови, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени погоре.

 

Прилепска пиварница АД Прилеп