Рециклирањето и креативноста се тесно поврзани. Пренамената на отпадните материјали за создавање на уметнички дела не само што го намалува отпадот туку и поттикнува имагинативно размислување и иновации. На овогодинешниот „Trash for Art“, во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје и Прилепска пиварница / Prilep Brewery, младите креативци создадоа прекрасни дела, научија повеќе за тимската работа и зачувувањето на животната средина.
Прилепска Пиварница додели парична награда во износ од 30.000 денари за најкреативното дело изработено од амбалажен отпад од нејзините производи.
Погледнете ги победниците во сите четири компетитивни категории. Им благодариме на сите учесници и се гледаме со уште покреативни идеи следната година.