Коорпоративна општествена одговорност

„ТЕХНОЛОГИЈАТА СПОЈУВА: ОБРАЗОВАНИЕ-НАУКА-ИНДУСТРИЈА“

27. Мај 2022

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет – Faculty of Technology and Metallurgy Скопје, денес се одржа настанот „ТЕХНОЛОГИЈАТА СПОЈУВА: ОБРАЗОВАНИЕ-НАУКА-ИНДУСТРИЈА“ на кој средношколците и студентите имаа можност да се запознаат со предностите на образовните насоки кои ги нуди факултетот, но и со компаниите кои се нивни потенцијални работодавачи. На овој настан, имавме прилика да ги запознаеме заинтересираните студенти со индустријата за прехранбено производство и да ги информираме за можноста за кариерен развој преку пракса во Прилепска Пиварница.