Новогодишна посета од најмалите членови на фамилиите на нашите вработени
3. Јануари 2023
Со цел да градиме силни семејни врски и да бидеме инспирација на идните генерации при нивниот избор за кариера и образование, организираме настан со најмалите членови на фамилиите на нашите вработени.
Пред почетокот на новата година приредивме слатки изненадувања за кои се погрижи Дедо Мраз, a остатокот од посетата децата го поминаа во просториите на Прилепска Пиварница, што за нив претставуваше едно незаборавно искуство и дружење, бидејќи тие се запознаа со „тајните“ на процесот на производство и пакување на нашите пијалаци.
Со организирање на вакви настани и спроведување на иницијативи од овој тип, нашата компанија покажува посветеност, поддршка и грижа за личниот живот на нашите вработени, истовремено промовирајќи поинклузивна и попријатна за семејна работна средина.
Овие настани придонесуваат за посреќни, поангажирани вработени и ја инспирираат следната генерација да ги следи своите соништа со ентузијазам и одлучност.