Вработување

Раководител на електро одржување – Прилеп

24. Април 2023

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
Раководител на електро одржување

Потребни квалификации:

  • ВСС-Електротехнички факултет (ФЕИТ – Електроенергетика)
  • Пожелно е минимум 2 година искуство во одржување-производство
  • Возачка дозвола Б – категорија

Одговорности и задачи:

  • Ја раководи и организира работата во електро одржување.
  • Непосредно учествува и дава помош на одржувањето на енергетските постројки и машините.
  • Ја контролира исправноста на уредите во трафостаниците.
  • Врши монтирање на нови уреди и инсталации.
  • Врши требување на резервни делови и му дава потребна динамика на шефот на електро одржување за набавка на истите.
  • Одговорен е за исправноста на сите машински уреди од електрична страна како и исправноста на целокупната електрична инсталација.
  • Работи по писмен и усмен налог на шефот на електро одржување.
  • За својата работа непосредно е одговорен пред шефот на електро одржување.
  • Подложен е на оценка за извршените работи и работни задачи во било која фаза од работењето.
  • Ги применува пропишаните мерки за заштита при работа.

Ние нудиме:

  • Работно време во смени
  • Работно место во Прилеп

 

Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV)
​на маил hr@pripiv.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Огласот е валиден до 16.02.2020