Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција
ОГЛАС ЗА РАКОВОДИТЕЛ НА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ
За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.
,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: РАКОВОДИТЕЛ НА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ во Прилеп
Локација: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп (Прилеп)
Потребни квалификации:
- Дипломиран Електро инженер или студент на Електро факултет кој е во завршна фаза на студиите
- Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
- Одговорност
- Способност за индивидуална и тимска работа
Одговорности и задачи:
- Ја раководи и организира работата во електро одржување
- Одговорен е за исправноста и оптимизација на процесната автоматизација
- Учествува во изведување на електрични инсталации
- Работи во одржување на енергетски постројки, машини и апарати.
- Одговорен е за исправноста на машинските уреди од електрична страна како и исправноста на целокупната електрична инсталација
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: pravnik@pripiv.com.mk со назнака Раководител на Електро Одржување


