Вработување

Оглас за магацински работник – Скопје

24. Април 2023

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.

Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:

ОГЛАС ЗА МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Магацински Работник – (двајца) извршители (на определено време)

 

ЛокацијаДистрибутивен центар Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета како предност
  • Флексибилност
  • Организираност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Одговорности и задачи:

  • Одржувањето на хигиената во магацинот
  • Се грижи за уредноста и хигиената на работниот простор и непосредната околина
  • Одговорност за производите во магацинот и комплетна организација на магацинот.
  • Припремање и сортирање на робата за нејзина испорака, согласно документацијата
  • Лепење на декларации.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: pravnik@pripiv.com.mk или mateski@pripiv.com.mk со назнака Магацински работник