Вработување

ОГЛАС ЗА ХОРЕКА КОМЕРЦИЈАЛИСТ

18. Јули 2023

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција

 

ОГЛАС ЗА ХОРЕКА КОМЕРЦИЈАЛИСТ

 

 

За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

 

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Хорека Комерцијалист – 1 (еден) извршител (на определено време) за Скопје

 

Локација: Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование
  • Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
  • Одговорност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Одговорности и задачи:

  • Врши посета на купувачи во определен реон
  • Се грижи и врши наплата на побарувањата на пиварницата од своите коминтенти
  • Тековно ги известува коминтентите за нивниот долг кон пиварницата и за состојбата со невратената амбалажа и настојува за што е можно побрзо наплаќање на побарувањата на пиварницата
  • Го прати пазарот и дава предлози за проширување
  • Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар
  • Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
  • Го контролира односот према производите од магацин, возило до изложеноста и позиционирањето во продажниот објект
  • Директно на терен има пресудна улога во распоредувањето на рекламниот матријал
  • Се грижи за реализација на планот за продажба
  • Се грижи за спроведување на маркетиншките активности
  • Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: skopje@pripiv.com.mk или mateski@pripiv.com.mk со назнака Хорека Комерцијалист најдоцна до 25.07.2023 година

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.