Asset-2@4x.png

ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

2. Јули 2024

Согласно одлуките донесени на последното собрание на акционери, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги повикува акционерите со право на дивиденда за 2023 година да достават податоци неопходни за исплата на дивиденда. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.06.2024 година, додека датум на стекнување право на дивиденда за 2023 година (датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда) е 12.06.2024 година. Акционерите кои веќе имаат доставено податоци се должни да го информираат друштвото во случај на промена на било кој од податоците.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 17.07.2024 година.

За подетални информации Ве молиме обратете се на тел. 048 421 450 или на email akcioneri@pripiv.mk.