Asset-2@4x.png

ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

11. Јули 2023

Согласно одлуките донесени на последното собрание на акционери, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги повикува акционерите со право на дивиденда за 2022 година да достават податоци неопходни за исплата на дивиденда. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 19.06.2023 година, додека датум на стекнување право на дивиденда за 2022 година (датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда) е 21.06.2023 година. Акционерите кои веќе имаат доставено податоци се должни да го информираат друштвото во случај на промена на било кој од податоците.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 28.07.2023 година.

За подетални информации Ве молиме обратете се на тел. 048 421 450 или на email akcioneri@pripiv.mk.