Asset-2@4x.png

ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

14. Мај 2022

Согласно одлуките донесени на последното собрание на акционери, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги повикува акционерите со право на дивиденда за 2021 година да достават податоци неопходни за исплата на дивиденда. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2021 година (датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда) е 14.06.2022 година. Акционерите кои веќе имаат доставено податоци се должни да го информираат друштвото во случај на промена на било кој од податоците.

За подетални информации Ве молиме обратете се на тел. 048 421 450 или на email akcioneri@pripiv.mk.