Asset-2@4x.png

Оглас за вилушкарист – Скопје

24. Април 2023

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција

ОГЛАС ЗА ВИЛУШКАРИСТ

За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

 

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Вилушкарист – 2 (двајца) извршители (на определено време)

Локација: Дистрибутивен центар Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
  • Одговорност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Возачка дозвола Б категориа
  • Положен испит за вилушкар ќе се смета за предност.

Одговорности и задачи:

  • Самостоно управување и ракување со вилушкар
  • Врши утовар и растовар на стоки
  • Врши транспорт на набавени материјали до магацин за набавени материјали
  • Врши правилно сместување на готовиот производ и амбалажата во магацините
  • Одговорен е за безбедно товарање на товарот
  • Одговорен е за редовно одржување на вулушкарот

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: pravnik@pripiv.com.mk или mateski@pripiv.com.mk со назнака Вилушкарист

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.