Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.
,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Twist, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Крајниот потрошувач отсекогаш бил инспирација и мотивација за постојано усовршување на „Прилепска Пиварница“, со цел тој да го добие најдоброто и најквалитетното. Мисијата што ја движи „Прилепска Пиварница“ е блискоста со своите фанови, чија доверба успеа да ја придобие и продолжува постојано да ја потврдува со нови и возбудливи производи.
Мисијата на „Прилепска Пиварница“ е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остварува со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.
1. Проспект за задолжителна котација на акциите од Прилепска пиварница ад Прилеп
3. Кодекс на професионално и етичко однесување
4. Кодекс за однесување на добавувачи
5. code of conduct for suppliers
7. Правилник за внатрешно заштитено пријавување – заштита на укажувачи
8. Политика за заштита на животна средина и општествена одговорност
9. Одлука за овластено лице за инвеститори
10. Деловник за работа на Управен одбор
11. Профил на членови во Надзорен одбор
За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг