ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

 

    1.Организатор на наградната игра:

Организатор на наградната игра со име “Собери и вози“ е Прилепска Пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул Цане Кузманоски бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.

   2. Времетраење на наградната игра:

Времетраењето на наградната игра “ Собери и вози“ е периодот од 15 август 2018 година (почеток на наградната игра) до 30 септември 2018 година (крај на наградната игра).

   3. Територија:

Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република Македонија.

   4. Право на учество:

Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производот Прилепска Газоза од Прилепска пиварница АД Прилеп (организатор на наградната игра) во пакување од 0,5 л. ПЕТ, 1,25 л. ПЕТ и 1,75 л. ПЕТ амбалажа, а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп, како и членовите на нивните потесни семејства.

    5.Цел на наградната игра:

Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на неговиот производ „Прилепска Газоза“.

    6.Начин за учество во наградната игра:

За да се учествува во извлекувањето на наградите потребно е да се купи од производот сок „Прилепска Газоза“ од 0,5 л. ПЕТ, 1,25 л. ПЕТ или 1,75 л. ПЕТ амбалажа и нивните капачиња, вкупно 5 (пет) заедно со податоците на испраќачот име, презиме, адреса и телефонски број да се испратат спакувани во плико на адреса: Прилепска пиварница АД-Прилеп, ул.Цане Кузманоски  бр. 1  7500 Прилеп поштенски фах 268.

Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.

7.Во наградната игра учествуваат сите плика со капачиња кои ќе пристигнат во период  од 15 август 2018 година од 00.00 часот најдоцна до 30 септември 2018 година до 24.00часот.

       8.Извлекување на награди

Во извлекувањето на главната награда автомобилот Фиат 500 учествуваат сите плика кои се комплетни со капачиња и податоци од испраќачот и стигнати од почетокот на наградната игра 15 август 2018 година од 00:00 ч до 30 септември 2018 година до 24:00 ч, на адреса: Прилепска пиварница АД-Прилеп, ул.„Цане Кузманоски” бр.1 7500 Прилеп поштенски фах 268. Извлекувањето на главната награда ќе биде на 03 октомври 2018 година во 12:00 часот во просториите на Сител телевизија, а снимка од извлекувањето ќе биде пренесена на Сител телевизија (Градски стадион Скопје) на октомври 2018 година пред главните вести во 19.00 часот. Извлекувањето ќе биде по случаен избор со рачно влечење од пликата комплетирани со капачиња и податоци на испраќачите претходно сместени во стаклен сад отворен само од горната страна во присуство на трочлената комисија.

Извлекувањето пак на наградите (мобилен телефон Apple iPhone SE, велосипед Алпина, Инстант филм камера Fujifilm и JBL GO звучник) ќе биде организирано преку 4 (четири) извлекувања и тоа на следните датуми: 29 август, 05 септември, 12 септември и 19 септември во 12.00 часот во просториите на Прилепска пиварница со адреса на улица Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп Република Македонијапо случаен избор со рачно влечење на пликата комплетирани со капачиња и податоци на испраќачот претходно сместени во стаклен сад отворен само од горната страна во присуство на трочлената комисија.

На наведените датуми ќе бидат извлекувани следните награди

 

Во извлекувањето на наградите од став 2 учествуваат само пликата кои се пристигнати во периодот од претходното извлекување до тековното извлекување односно:

      9.Невалидно учество во наградна игра

Доколку биде извлечено плико во кое го нема потребниот број на капачиња (5 од сок “Прилепска Газоза” од 0,5 литри ПЕТ, 12,5 литри ПЕТ или 1,75 литри ПЕТ) или неможе да се утврди идентитетот на испраќачот, истото ќе биде третирано како нерегуларно и извлекувањето ќе се повтори.

10.Добитници на наградите ќе бидат јавно објавени (во рок од 24 часа по направениот избор) на WEB страницата на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп www.prilepskapivarnica.com.mk и на Газоза фан страната на Facebook www.facebook.com/PrilepskaGazoza.  Добитниците ќе бидат контактирани и известени за наградите и телефонски од организаторот на наградната игра, на телефонските броеви кои ги внесле во пликата со капачињата.
11.Извлекувањето на наградите, ќе го контролира жири комисија составена од 3 члена: 1 претставник на Прилепска пиварница АД-Прилеп и 2 претставници на маркетинг агенцијата “Имика”-Скопје.

     12.Подигнување на наградите

Подигањето на наградите ќе се врши во рок не подолг од 30 дена од денот на објавувањето на добитниците. После истекот на 30-те дена Прилепска Пиварница А.Д.-Прилеп нема никаква одговорност околу наградите.

Подигнувањето на наградите од страна на добитниците  ќе биде од седиштето на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп (ул„Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп). За добитниците со живеалиште или престојувалиште во Скопје наградите ќе бидат подигнувани од Прилепска пиварница АД Прилеп – Подружница Дистрибутивен центар Скопје (ул„Кадински пат“ ББ Скопје), а за добитниците од другиот дел на Македонија ќе бидат од соодветните дистрибутивни центри наведени на www.zlatendab.com.mk/Distributeri.pdf , со тоа што добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување документ за лична идентификација.

13.Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 5 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска Пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 5 дена од денот на поднесување на приговорот.

14.Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, ке бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната играwww.prilepskapivarnica.com.mk , пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а потенцијалните учесници ќе бида запознати и преку билборди и постери.

15.Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име “Собери и вози“  во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:

Р.бр. опис на награда количина
1 Автомобил Фиат 500 1
2 Мобилен телефон iPhone SЕ 4
3 Алпина Велосипед 4
4 Инстант филм камера Fujifilm 4
5 JBL Bluetooth звучник 4

 

16.Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами.

17.Со пополнувањето на пријавата за наградната игра, учесникот во наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Oрганизаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

18.Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.

19.Овие правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе изададе Дозвола за приредување на игра на среќа-наградна игра и ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

                                                                                                                                                                                                                                Организатор,                                                               

                                                                                                                                                                                                                          Прилепска пиварница АД  Прилеп                                                                              

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.