Врз основа на Законот за трговски друштва и Статутот на Прилепска пиварница АД Прилеп, одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци, Управниот одбор на Прилепска пиварница АД Прилеп на состанокот одржан на ден 12.08.2021 година ја донесе следната:
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Контролорот. Контролорот ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари сопствените права и обврски.
Контролор на личните податоци е Прилепска пиварница АД Прилеп (во понатамошен текст Контролор), со седиште во Прилеп на ул. „Цане Кузманоски“ бр. 1 Прилеп, со ЕМБС 4071344.
Контролорот е акционерско друштво основано согласно одредбите од Законот за трговските друштва и запишано во единствениот трговски регистр кој се води при Централниот регистар на Република Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорот.
Контролорот собира податоци поврзани со следниве категории на лица:
3.1. Податоци за навигација
При посетата на интернет страната на Контролорот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување (на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад).
Контролорот самостојно ги одржува серверите. Сите активности на интернет страната ги спроведуваме интерно или екстерно (во зависност од случајот) вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на интернет страната на Контролорот.
3.2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од посетата на интернет страната на Контролорот, се оние кои посетителите доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како би се овозможило оствраување на правата и обврските на Контролорот.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, (4) факс, (5) email.
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено кај Контролорот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Контролорот
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за физички лица кои се добиваат од посета на интернет страната на Контролорот, на трети лица, освен во следните случаи:
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со позитивните прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Контролорот.
Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци – Александар Матески на следниов e-mail: mateski@pripiv.com.mk или преку телефонскиот број 048/421-450.
Ако постојат основи на сомнение дека начинот на кој Контролот ги обработува лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, лицата може да поднесат барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Контролорот.
Оваа Политика за приватност ќе се постави на официјалната интернет страна на Контролорот.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следните линкови, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени погоре.
Прилепска пиварница АД Прилеп
За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг