Златен Даб Вистинско Темно Пиво

zlatendabdark-small

Вистинско темно пиво, за сите вистински љубители!

Ви го претставуваме новото вистинско темно Златен Даб Dark премиум пиво од Прилепска Пиварница, создадено по рецепт на најискусните германски мајстори.

Вистинските познавачи уште од првата голтка ќе го препознаат неговиот силен карактер, софистициран вкус и префинета текстура. Златен Даб Dark се карактеризира со темно-кафена боја и цврста креместа нежна пена. Спојот на интензивна овошна арома и балансиран богат вкус на карамела го надополнува мирисот на кафе, додека секоја голтка ја заокружува деликатен чоколаден финиш.

Уживањето започнува уште со првиот поглед, со неговиот изглед и дизајн, а уште поголемо уживање е ритуалот со кој љубителите го создаваат совршено наточениот Златен Даб Dark. Уживањето во Златен Даб Dark е и ритуал, и само вистинските чекори ќе ве одведат до совршенство! Следете ги чекорите и препуштете му се на вкусот на Златен Даб Dark.

Чекор 1 – Вистинската чаша

Само вистинската чаша може да ги открие сите тајни на Златен Даб Dark. Погрижете се детално да ја исплакнете чашата со студена вода и добро да ја исушите, за да ја подготвите за совршено наточено темно пиво.

Чекор 2 – Вистинскиот агол

Поставете ја чашата под агол од 45 степени и започнете со споро точење Златен Даб Dark. Темното пиво ја исполнува чашата додека истата рамномерно се исправа.

Чекор 3 – Вистинската пена

При самиот крај, на целосно исправена чаша, од мала височина креирајте убава креместа цврста пена, која претставува круна на целиот ритуал!

Чекор 4 – Вистинското темно пиво

Совршената чаша со Златен Даб Dark е создадена! Сега е време да уживате во вкусот на вистинското темно пиво.

На здравје!

 

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.