Највисокото одличие на МПЦ за 90-тиот роденден на Прилепската Пиварница.

Македонската православна црква ја одликува Прилепска Пиварница со Орденот Свети Климент Охридски од Втор Ред. Одличието на Претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски му го додели митрополитот Преспанско-пелагониски, Петар, во присуство на Архиепископот Г. Г. Стефан и Владиката Климент, секретар на Синодот. Церемонијата се одржа денеска во кругот на Прилепската пиварница.

Високото црковно одличие се доделува на Прилепска Пиварница поради нивниот несебичен придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион. Доделувањето на орденот се случува токму оваа година кога Прилепска пиварница слави 90 години од основањето.

Свети Климентовиот орден е највисокото црковно признание, а МПЦ го доделува на заслужни личности и институции веќе неколку години. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква одлуката за доделување на Орденот ја донесе на седницата одржана на 25 јуни 2014 година.

 

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.