Европски бизнис награди за 2014/15

European Business Awards small

Прилепска Пиварница победи во Македонија во престижното натпреварување.

Прилепска пиварница од Македонија е прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM International, што претставува престижен натпревар поддржан од бизнис лидерите, академски личности, медиуми и политички претставници од цела Европа.

Европските бизнис награди коишто се спроведуваат по осми пат, оваа година вклучуваат учество на над 24 илјади бизниси од 33 европски земји од кои 709 компании од цела Европа беа прогласени за национални шампиони и со тоа влегоа во втората фаза на ова натпреварување.

Прилепска Пиварница веќе 90 години успешно опстојува на пазарот во Македонија и се покажа како вистински лидер во полето на иновациите, етичкиот пристап и финансискиот успех последниве години. Компанијата само во последнава деценија вложи над 30 милиони евра во модернизација на производството што резултираше со зголемен обем на продажба и освојување на поголем пазарен удел.

„Ние сме многу горди што сме одбрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се широко признаени како пример за европските најдинамични компании и со нетрпение ја очекуваме втората фаза на одлучувачкиот процес каде треба подетално да објасниме како го постигнуваме бизнис успехот”, изјави генералниот менаџер на Прилепска Пиварница, Сашко Самарџиоски.

И честитаме на Прилепска Пиварница за нивното големо достигнување со прогласувањето за Национален шампион и и посакуваме среќа во следната фаза. Европските бизниси одат од силни кон посилни, инспирирајќи ги бизнисите за постигнување на поголем успех и помагајќи им да ја подобрат нивната конкурентна моќ пред компаниите во Европа”, додаде Адриан Трип, главниот извршен директор на Европските бизнис награди.

Според Жан Стивенс, главен извршен директор на RSM International „секоја година ова натпреварување станува сè посилно и сè повеќе натпреварувачко бидејќи сè поголем број на компании, со различна големи и од сите сектори се решаваат да се натпреваруваат меѓусебе во ова престижно натпреварување. Со зголемениот број на компании, оваа година очигледно е најтешката за доделување на награди. Ќе биде доста возбудливо да следи следната рунда”.

Панел на судии формирани од европски бизнис лидери, академици и претприемачи ќе ги гледаат видеата за националните шампиони и ќе ги наградат најдобрите во групата со Ruban d’Honneur наградата. Сите добитници на Ruban d’Honneur подоцна се натпреваруваат во големото финале во 2015 година. Сите национални шампиони ќе учествуваат во јавното гласање за прогласување на „Шампиони на јавност“ во секоја земја. Минатата година 93 илјади лица гласаа и повеќе од 400 илјади луѓе ја посетија страницата на Европските бизнис награди за време на натпреварот.

Поддржана од главниот спонзор и промотор RSM International, што претставува седма по големина во светот компанија со развиена мрежа на компании за ревизија, даноци и совети, со големо учество во Европа, Европските бизнис награди се поставени да ги препознаат и наградат супериорноста, најдобрата практика и иновациите во бизнис заедницата во Европа.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата www.businessawardseurope.com како и на твитер заедницата @rsmEBA.

За повеќе информации ве молиме контактирајте со:

За Европските бизнис награди

Европските бизнис награди ја препознаваат и наградуваат супериорноста, најдобрата практика и иновацијата. Натпреварот е слободен за влез и отворен е за сите организации од сите области и големина.

Програмата на Европските бизнис награди има три цели за европската бизнис заедница:

  • Да обезбеди примери во бизнис заедницата кон кои другите би се стремеле
  • Го обележува индивуалниот и успехот на организацијата
  • Обезбедува активна платформа за дебата

 

За RSM International

RSM Internationalе водечки спонзор на Европските бизнис награди и ја подржува оваа иницијатива од самиот почеток.

RSM International е светска мрежа на независни консултативни финансиски услуги. RSM и нејзините членки се одделни прави ентитети. RSM не се занимава со сметководство, туку тие услуги се нудат од членките. Целосниот приход на компанијата е 3.8 милијарди американски долари и се наоѓа во најдобрите шест компании во светот во оваа област. Компаниите членки се водени од заедничката визија за обезбедување на високо квалитетни професионални услуги, како на домашен, така и на меѓународен пазар. RSM е членка на Forum of Firms. Целта на оваа организација е да ги промовира постојаните и висококвалитетни стандарди на финансиски и ревизорски практики.

Оваа 2014 година RSM International прославува 50 години од постоење.

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.