Прилепската пиварница повторно се закити со две светски награди

Прилепската пиварница со децении претставува синоним за квалитет по светски стандарди.
Двоцифрен и навистина импресивен е бројот на добиени светски награди кои оваа компанија ги поседува во своите простории.

Така, за изминатата 2021 година и беа доделени дури две  завидни признанија од групацијата PepsiCo и тоа: „PEPSICO – 3PM Excellence Award”  – за одлични перформанси и соработка и  можеби уште попозната и попрестижна –  „Caleb Bradham Quality Excellence Award“.
Quality Excellence Award не е новина за Прилепска Пиварница која во својата голема колекција веќе има неколку вакви престижни признанија.
„Caleb Bradham Quality Excellence Award“ е навистина посебна и специјална за сите произведувачи на пијалаци на светско ниво од гамата на PepsiCo, бидејќи е именувана по г. Кејлеб Дејвис Бредам,  култниот американски фармацевт – „таткото“ на безалкохолниот пијалок Пепси.
Сето тоа изразено илустративно, би било прикажано вака: „Кога мајсторот му оддава почит и признание на ученикот за одлично завршената работа“ или кога „таткото на Pepsi“ ве пофалува и наградува пред целиот свет дека вие произведувате и правите одлично Pepsi – на светско ниво!
Caleb Bradham наградата е круна на вистинскиот вкус, квалитетот и безбедноста на производството и високи перформанси на процесите, според ултра високите стандарди на Пепси ( PepsiCo) групацијата за нивните производи низ целиот свет. Традиција од еден век која будно го наслушнува задоволството на потрошувачите и ги наградува и пофалува оние кои ги ставаат своите потрошувачи како врвен приоритет.
Со оваа награда, се оценуваат и наградуваат сите произведувачи и се доделува еднаш годишно само на неколку компании во целиот свет. Она што би требало да не прави особено горди е што нашата Прилепска пиварница веќе една декада е  постојан член на овој дрим тим на светско ниво – една од најдобрите производители на Pepsi на светско ниво.  Конкуренцијата е навистина голема, затоа што во  оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании производители од целиот свет.  Слично, како и Пепси компанијата, нашата Прилепска Пиварница ги инспирира луѓето да направат избори што создаваат повеќе насмевки.

 

 

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.