Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 со ЕМБС 4071344, има потреба од проширување на тимот на позиција:

 

Практикант во Сектор Одржување

Број на потребни практиканти 1 (еден)

Времетраење на практикантската работа – 6 шест месеци

Рок на важност на огласот 3 денови    

               

Потребни квалификации:

 

Кандидатот да не е во работен однос

Да не е постар од 34 години

Студент на ВСС-Електротехнички факултет

Познавање на странски јазици – англиски

 

Податоци за видот на практикантската работа:

 

Целта на практикантската работа е надградување на знаењата на практикантот од областа на електроенергетиката и преку учење и здобивање на практични работни вештини да се стекне со практично и професионално искуство

Практичната работа опфаќа организација на работата во електро одржување.

Учество и давање помош во процесите на одржувањето на енергетските постројки и машините.

Контролирање на исправноста на уредите во трафостаниците.

Мониторирање на нови уреди и инсталации.

Следење на исправноста на сите машински уреди од електрична страна како и исправноста на целокупната електрична инсталација.

 

Висина на месечен надоместок на практикантот – нето износ од 10.000 денари за првите три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена со закон за практикантската работа над три месеци сметано од четвртиот месец

На практикантот во рок од осум денови од завршувањето на практикантската работа ќе му биде издадена потврда за стекнатите знаења, вештини и компетензии, како и опис на практикантската работа и нејзиното времетреање

 

Работно време: од 08-16 часот

Локација: Прилеп

 

Податоци за контакт

Прилепска пиварница АД Прилеп

Ул. „Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп

048 421 450

е-пошта pravnik@pripiv.com.mk

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

03.03.2021

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.