Исплата на дивиденда
Согласно одлуките донесени на последното собрание на акционери, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги повикува акционерите со право на дивиденда за 2017 година да достават податоци неопходни за исплата на дивиденда. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2017 година (датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда) е 18.06.2018 година. Акционерите кои веќе имаат доставено податоци се должни да го информираат друштвото во случај на промена на било кој од податоците.
За подетални информации Ве молиме обратете се на тел. 048 421 450 или на email akcioneri@pripiv.mk.