Собрание на акционери на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги известува акционерите дека на ден 29.05.2018 година во просториите на друштвото беше одржано Собрание на акционери на кое беа донесени предложените одлуки и тоа:

  • Одлука за усвојување на Извештајот на Ревизорската куќа ТП Ревизија Витанова Струмица за работењето на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година,

  • Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година,

  • Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија за периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година,

  • Одлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор за 2017 година,

  • Одлука за усвојување на Годишната сметка на Прилепска  пиварница АД Прилеп за 2017 година,

  • Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година, предложена од акционерот Кирил Самарџиоски,

  • Одлука за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2017 година (дивиденден календар), предложена од акционерот Кирил Самарџиоски,

  • Одлука за одобрување на работата и на водењето на работењето со Прилепска пиварница АД – Прилеп на членовите на Управниот одбор за 2017 година,

  • Одлука за одобрување на работата и на водењето на работењето со Прилепска пиварница АД – Прилеп на членовите на Надзорниот одбор за 2017 година

  • и Одлука за избор на овластен ревизор за 2018 година,

сите со 31904 гласови „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Собранието со 31904 гласови „против“ ниту еден „за“ и „воздржан“ не ги усвои предложените одлуки од Управниот одбор за употреба и распоредување на остварената добивка на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за 2017 година и предлог одлуката за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2017 година.

Внесете го вашиот датум на раѓање

За да влезете на страницата мора да имате повеќе од 18 години. Пополнете во следниот формат: дд мм гггг

ДД ММ ГГГГ

Прилепска Пиварница 2016 @ Сите права задржани.