Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги известува акционерите дека на ден 29.05.2018 година во просториите на друштвото беше одржано Собрание на акционери на кое беа донесени предложените одлуки и тоа:
-
Одлука за усвојување на Извештајот на Ревизорската куќа ТП Ревизија Витанова Струмица за работењето на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година,
-
Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година,
-
Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија за периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година,
-
Одлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор за 2017 година,
-
Одлука за усвојување на Годишната сметка на Прилепска пиварница АД Прилеп за 2017 година,
-
Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Прилепска пиварница АД – Прилеп за 2017 година, предложена од акционерот Кирил Самарџиоски,
-
Одлука за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2017 година (дивиденден календар), предложена од акционерот Кирил Самарџиоски,
-
Одлука за одобрување на работата и на водењето на работењето со Прилепска пиварница АД – Прилеп на членовите на Управниот одбор за 2017 година,
-
Одлука за одобрување на работата и на водењето на работењето со Прилепска пиварница АД – Прилеп на членовите на Надзорниот одбор за 2017 година
-
и Одлука за избор на овластен ревизор за 2018 година,
сите со 31904 гласови „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.
Собранието со 31904 гласови „против“ ниту еден „за“ и „воздржан“ не ги усвои предложените одлуки од Управниот одбор за употреба и распоредување на остварената добивка на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за 2017 година и предлог одлуката за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2017 година.