Највисоката златна "Caleb Bradham" од Pepsi Co International доделена на Прилепска Пиварница
За прв пат од страна на Pepsi Co International доделена ни е највисоката златна награда “Caleb Bradham Quality Excellence Award“, за изминатата 2017 година за конзистентни високи перформанси во производство, квалитет и безбедност на храна. Оваа награда за 2017 година ја заслужиja само 18 фабрики кои произведуваат низ целиот свет PepsiCo прозиводи во кои спаѓаме и ние, во следниот распоред: Една во Америка, единаесет во Европа и шест во Азија. Од нашата дивизија има уште три други фабрики на кои им е доделена награда, мeѓутоа бронзена.
Оваа награда е толку значајна и го означува врвното професионално работење, токму поради нејзиното потекло. Наградата всушност го носи името на изумителот на пијалакот Pepsi и основач на компанијата Caleb Bradham (1867 – 1934). Тој дипломирал Фармација на Универзитетот Северна Каролина, потоа продолжил да студира Медицина на Универзитетот во Мериленд, но морал да ги прекине студиите и да се врати во Северна Каролина, каде што отворил аптека по име “Bradham Drug Company”. Работејќи тука, во 1893 година создал еден пијалак од кола, ванила и “ретки масла”, популарно наречен “Пијалакот на Бред”, којшто во 1898 година го преименувал во Pepsi Cola. Името на пијалакот го составил од пепсин и кола, бидејќи верувал дека овој пијалак го потпомага варењето на храната во желудникот. Всушност Пепсинот е најважниот ензим што се содржи во желудечниот сок, каде неговата основа е да врши разградување на сите видови протеини. Пепсинот ги разбива протеините на нискомолекуларни соединенија – аминокиселини и така тие можат да влезат во крвотокот. Така при крајот на 1902 година е формирана компанијата “Caleb Bradham”, а следната година пијалакот Pepsi Cola е регистриран со заштитен знак. На врвот на успехот Bradham доделил франшизи за производство на Pepsi Cola во 24 Сојузни држави.